Тренерот на Фросиноне и легендата на Милан, Алесандро Неста смета дека позицијата тренер на „росонерите“ се претвори во опасна стапица за неговите колеги.
За време на интервјуто за „CalcioMercato“, тој зборуваше за состојбата во неговиот поранешен клуб:
„Комбинацијата Малдини-Бобан е исправна, но големите промени во последните години се одразија на теренот. Времето ќе каже дали е завршена добра работа или не.
Мислам дека во последно време Милан стана стапица за тренери, некои поранешни соиграчи одлично се снаоѓаа, други не толку многу, но тие се најдоа во тешка ситуација“.
Пиоли е осми тренер на Милан откако го напушти Алегри во 2014 година.