Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска беше опериран по повредата на коленото, што ја заработи на тренингот во петокот.
Несторовски го носи дресот на Удинезе, и на тренингот во петокот ги повреди предните вкрстени лигаменти, а денеска беше операција.
Несторовски не чекаше многу за да се огласи по операцијата, тој во пораката на Инстаграм им се заблагодари на поддршката која ја испратија неговоти семејство, соиграчи и навивачите. Исто така кажа дека жали што нема да биде дел од македонската репрезентација која ке настапува на Европското првенство ова лето.
„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски.
View this post on Instagram