ФУДБАЛ

Неверојатен број на скаути синоќа го следеа Халанд

Ерлинг Халанд во моментов е еден од најбараните млади фудбалери во светот.

Напаѓачот на Салцбург игра навистина импресивно во дресот на австрискиот шампион, а веќе има огромен број понуди за продолжување на кариерата.

Колку 19-годишниот Норвежанец ја направи Европа луда покажува фактот дека скаути од дури 40 клуба синоќа го гледаа Халанд во Салцбург.

Иако не постигна гол, младиот фудбалер одигра многу добар натпревар и сигурно е дека наскоро ќе започне лицитацијата за него.

Норвежанецот има одиграно вкупно 22 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања и има неверојатен учинок од 28 голови и седум асистенции.

https://www.instagram.com/p/B57faX3AXEt/?utm_source=ig_embed