ФУДБАЛ

Неверојатен гаф на угледниот германски медиум пред мечот Баерн Минхен-Интер!

Фудбалерите на Баерн и Интер вечерва во Минхен од 21:00 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лидерите во германското и италијанското првенство треба да приредат спектакл за паметење, а можеби тоа ќе им помогне на новинарите на угледниот „Билд“ да дознаат кој е тренер на тимот од Милано.

Еден од најчитаните дневни весници во Германија стави погрешна слика во најавата за натпреварот. Наместо Симоне Инзаги, страниците на овој весник ги „краси“ фотографијата на неговиот брат Филипо Пипо Инзаги.