Видовме неверојатен старт на натпреварот во Торино на дуелот помеѓу Јувентус и Милан.
По само 16 минути игра видовме многу. Кристијано Роналдо промаши пенал, а потоа Анте Ребиќ доби директен црвен картон.
https://streamable.com/s8iaw4
Конти направи пенал во 15-та минута. Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол и ја погоди стативата, а во следниот напад Ребиќ направи непотребен потег.
Ја крена ногата високо, го погоди Данило, а Орсато му го покажа патот до соблекувалната.