Кристијано Роналдо вечерва го одигра својот 100-ти натпревар за Јувентус против Џенова.
Португалецот постигна два гола од белата точка во победата од 3: 1, со што дополнително го задебели својот учинок во дресот на Старата дама од Торино.
И во овие 100 игри, тој направи навистина неверојатни работи. Постигна 79 голови и забележа 19 асистенции, и покажа колку е навистина неверојатен во доцните фудбалски години.
https://twitter.com/ForzaJuveEN/status/1338195774631514113
Импресивни статистики за еден од најдобрите досега и лесно Роналдо го отвора патот кон историјата како најдобар стрелец на сите времиња.