Францускиот играч од средниот ред Пол Погба постојано се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед.
Веќе со месеци се шпекулира дека 27-годишниот фудбалер ќе го напушти „Олд Трафорд“, а ова лето конечно би можело да се случи тоа.
Погба најмногу се поврзуваше со Јувентус и Реал Мадрид, а неодамна ПСЖ се споменува како можна дестинација.
Сепак, „Тутоспорт“ тврди дека Интер подготвува понуда за Погба. Нероаѕурите веруваат дека можат да го ангажираат Французинот и ќе се обидат да го сторат тоа летово.
Интер претходно донесе неколку фудбалери на Јунајтед во претходниот период. Тие ги потпишаа Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, а Алексис Санчез оваа сезона ја мина на позајмица.
Клубовите имаат одлична врска и извесно е дека доаѓањето на Погба би било најголемата зделка меѓу нив досега.