ФУДБАЛ

Неверојатна сцена: Мартинез скокна да ја запре полицијата која беше насилна! (ВИДЕО)

Фото: Soccer Football - World Cup - South American Qualifiers - Brazil v Argentina - Estadio Maracana, Rio de Janeiro, Brazil - November 21, 2023 Argentina's Emiliano Martinez and teammates react as fans clash with security staff in the stands causing a delay to the start of the match REUTERS/Ricardo Moraes TPX IMAGES OF THE DAY - UP1EJBM027TJU

Потресна глетка можевме да видиме на трибините на познатата „Маракана“ пред почетокот на квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Аргентина, најголемиот ривал гостуваше во Бразил во Рио де Жанеиро, а при интонирањето на националните химни дојде до тепачка на делот од трибините каде што беа сместени навивачите на гостите.

Набрзо реагирала полицијата која со палки почнала да го воспоставува редот, а набрзо пред тој дел од гледалиштето се најдоа светските шампиони, фудбалерите на Аргентина.

Лионел Меси подоцна изјави дека полицијата била непотребно брутална, а на тој дел од трибините имало семејства. Сепак, бразилската полиција не препушти многу на случајноста и на видеата јасно може да се види како органите на редот со палки ги туркаат навивачите во сино-бело.

Во еден момент аргентинскиот голман Емилијано Мартинез се обиде да ја запре полицијата, што беше снимено од камерата.

Набрзо конфликтот беше прекинат, а фудбалерите на Аргентина по наговор на Лео Меси заминаа во соблекувалната. Почетокот на дуелот доцнеше половина час, а потоа Аргентина триумфираше со 1:0 во тежок натпревар. Стрелец на победничкиот гол беше Николас Отаменди.