ФУДБАЛ

Неверојатна сцена од тунелот: Судијата побара автограм од Ерлинг Халанд (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја победи Борусија Дортмунд со 2-1 во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Сепак, она што привлече големо внимание се случи на крајот од натпреварот, сцената во која еден од помошните судии од овој натпревар бара автограм од Ерлинг Халанд.

Помошниот судија на овој натпревар го запре норвешкиот напаѓач на пат кон соблекувалната и му побара автограм и тоа е нешто што не се гледа често.

Пеп Гвардиола зборуваше и за оваа состојба на прес-конференцијата.

“Можеби тој е навивач и ја искористи можноста. Зошто да не, судиите завршија одлична работа”, изјави Пеп Гвардиола.

https://twitter.com/i/status/1379549807916748802