ФУДБАЛ

Неверојатна сцена: Повреден играч куца, Артета го турка во игра (ВИДЕО)

Како и обично на почетокот на сезоната, навивачите на Арсенал се надеваат на најдоброто, но како што тече шампионатот, Топџиите не успеваат да ги оправдаат очекувањата.

Нов пораз следуваше синоќа. Тотенхем славеше со 2:0, со головите на Хеунг-мин Сон и Хари Кејн.

Петлите го постигнаа вториот гол од контранапад. Неколку секунди пред тоа, напаѓачот Томас Парти започна да го напушта теренот.

Парти се пожали на повреда, куцаше до аут линијата и кога виде дека опасноста се подготвува, Артета го турна на теренот. Силниот играч за врска започна да трча, но веќе беше доцна.

Фудбалерите на Тотенхем почнаа повеќе да се радуваат, додека Артета само ризикуваше дека повредата на Парти ќе биде само полоша.

https://twitter.com/Molatsportgist/status/1335844262294990848

“Томас излезе, куца, чувствува болка, мора да излезе и ние останавме без човек во клучен момент. Требаше да падне на теренот. Го посакував на теренот, да стори што е можно за тимот”, изјави Артета по натпреварот

“Се обидов да го истуркам на теренот. Мислам дека не ја сфати опасноста од ситуацијата кога ја напушти својата позиција”, додаде Шпанецот.

По 11 одиграни натпревари, Арсенал е 15-ти на табелата со само 13 освоени бодови.