Ливерпул и Реал Мадрид вечерва во Париз го играат финалето на Лигата на шампионите.
Дуелот на европските великани привлекува големо внимание ширум светот и нема сомнеж дека не очекува вистински спектакл.
Но, покрај трофејот на најдобриот тим во Европа, вечерва би можел да биде решен и освојувачот на Златната топка за најдобар светски фудбалер оваа сезона.
View this post on Instagram
Промените во правилата за доделување на оваа награда им овозможуваат на играчите кои имаат одлична сезона да ја добијат наградата за најдобриот во светот. Конкуренцијата оваа сезона е доста жестока, но на крајот ќе одлучат фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул.
Карим Бензема е главен фаворит за наградата. Францускиот напаѓач зад себе има прекрасна сезона во која правеше чуда со кралевите, а блесна и на теренот.
Реал и да го загуби финалето, голема е можноста да ја добие наградата за најдобар во светот, но Садио Мане и Мохамед Салах можат да го спречат да ја освои Златната топка.
View this post on Instagram
Мане со Сенегал го освои трофејот на африканските шампиони, со „црвените“ има можност да земе три трофеи, а евентуална експлозија во финалето може да му ги расипе плановите на Бензема.
На Салах му треба и прекрасен натпревар во финалето и освојување на трофејот во Лигата на шампионите за евентуална Златна топка, па секако ќе биде многу интересно да се гледа вечерашното финале кое ќе биде и борба за Златната топка.
View this post on Instagram
Бензема засега е пред Мане и Салах, а името на добитникот на наградата за 2022 година ќе го дознаеме на 17 октомври.