ФУДБАЛ

Неверојатна трка во Премиер лигата: Челзи и Сити останаа пред Ливерпул

Челзи и Манчестер Сити вечерва остварија многу важни победи во борбата за врвот на табелата.

Како гостин, Челзи го совлада Ватфорд со 2:1, иако Томас Тухел направи бројни промени во составот.

Повторно сините играа без класичен напаѓач, но против Ватфорд успеаја да дојдат до три бода кои ги оставаат на врвот во Премиершип.

Мејсон Маунт го доведе Челзи во водство од 1-0 во 29. минута, но на пауза замина со 1-1 откако Денис постигна гол во 43. минута.

Натпреварот на Викариџ Роуд беше решен во 72. минута. Голот за победа на сините од Лондон го постигна резервистот Хаким Зиех, а со овие три бода Челзи го задржа првото место пред Манчестер Сити и Ливерпул.

Сити како гостин ја совлада Астон Вила со 2:1.

Избраниците на Стивен Џерард не успеаја да стигнат до третата последователна победа под водство на овој стручњак бидејќи Граѓаните во моментов се преголем залак.

Рубен Диас го доведе актуелниот шампион во водство од 1-0 во 27. минута, а Бернардо Силва во 43. минута зголеми на 2-0.

Виља успеа да се врати во мечот на отворањето на вториот дел. Воткинс погоди за 2-1, но Виља не успеа да одземе бод и овој резултат остана до крајот.

Првенството во Премиершип е исклучително возбудливо. Челзи води со 33 бода, Сити има 32, а Ливерпул 31 бод.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига