ФУДБАЛ

Неверојатната Аталанта, како Реал Мадрид

Три кола од новата сезона, вкупно 12 постигнати голови. Екипата на Аталанта продолжи каде што застана минатата сезона. Трета убедлива победа, овој пат со 5:2 против Каљари. Со ова тимот на Гасперини сруши неверојатен рекорд и стана првиот тим од Серие А кој успеал да постигне четири или повеќе голови во трите почетни мечеви во новата сезона. Последен кој успеал тоа да го стори од Топ 5 лигите е Реал Мадрид во далечната 1987/88.