Немаше победници на пријателскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија одигран синоќа.
По 90 минути мрежите мируваа и на тој начин беше прекината неверојатна серија.
Имено, пред синоќешниот натпревар, шпанската репрезентација постигна голови на дури 42 натпревари.
Оваа неверојатна серија започна по осминафиналето на ЕП 2016 (0:2) и натпреварот со Италија, и претставува рекорд во историјата на шпанската репрезентација.
Да потсетиме, на следниот натпревар Шпанија ќе ги одмери силите со Швајцарија во Лигата на нации, додека Португалија ќе игра и против Франција во Лигата на нации.