Реал Мадрид во текот на неделата објави снимка од поставувањето на новиот терен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој полека но сигурно го добива својот последен изглед.
Како што е веќе познато, реконструкцијата на култниот фудбалски храм трае веќе неколку години, а работите полека влегуваат во завршна фаза.
Реал Мадрид веќе може да ги игра домашните натпревари на својот стадион, а во новата сезона ќе дебитира денеска кога кралскиот клуб ќе го пречека Бетис.
После тоа се појавија кадри од навистина спектакуларниот изглед на „стадионот на иднината“, кој кога ќе биде завршен ќе биде најмодерниот на светот.
Во оваа сезона натпреварите нема да се играат со полн капацитет, а според досегашниот план комплетните работи ќе бидат завршени до лето.
Тоа значи дека Реал во сезоната 2023/24 ќе игра на комплетно реновиран стадион кој ќе биде мултифункционален, секако најголемата новина е тоа што ќе биде покриен.
Капацитетот на стадионот ќе остане 81.000 седишта, но висината на стадионот е зголемена за 10 метри за да се овозможи додавање на подвижен покрив.
Кога ќе биде завршен, на стадионот ќе се играат натпревари во тенис, кошарка и ракомет. Сигурно ќе биде туристичка атракција, па Реал многу брзо ќе ги врати вложените пари.
Пред тој натпревар Реал објави видео на кое се гледа како се поставува новиот зелен терен. Работата започна на 21 август, а комплетниот терен беше поставена четири дена подоцна.