ФУДБАЛ

Неверојатни сцени со Солскјер пред Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа едно од најголемите понижувања во изминатите неколку години.

„Црвените ѓаволи“ беа поразени на „Олд Трафорд“ од најголемиот ривал на Ливерпул со 5:0, а Оле Гунар Солскјер не е премногу загрижен за својата работа.

Тоа стави јасно до знаење по натпреварот, кој го нарече најмрачниот ден на клупата на Јунајтед.

„Дојдовме предалеку како тим за да се откажеме сега“, рече Солскјер.

А интересна сцена се случи по натпреварот. Иако нивниот тим беше декласиран од големиот ривал, навивачите уживаа во друштвото на клупскиот менаџер.

Солскјер делеше автограми 10 минути и се фотографираше со фановите, како апсолутно ништо да не се случило еден час порано.

По девет одиграни кола, Јунајтед е седми на табелата со 14 бодови, а на последните четири натпревари тимот освои само еден бод од можни 12.