ФУДБАЛ

Неверојатниот Куртоа вечерва постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва на стадионот во Париз го освоија 14. трофеј во Лигата на шампионите.

Реал не беше познат како фаворит во финалето, може да се каже дека Ливерпул беше многу подобар во поголемиот дел од натпреварот, има многу шанси, но фудбалот е таков – веднаш ќе следи казната.

 

Реал со голот на Винисиус Јуниор дојде до победата и стигна до рекордната 14. европска титула. Сите дадоа голем придонес, но дефинитивно човек на одлука беше голманот Тибо Куротис.

 

Бранеше се што одеше кон неговиот гол, а патем стана и рекордер во Лигата на шампионите со 59 одбрани во една сезона од ова натпреварување.

 

Тој постави нов рекорд и во финалето на Лигата на шампионите со девет одбрани против Ливерпул.

 

Она што вечерва го направи белгискиот голман на голот на Реал е навистина неверојатно и ретко кој успеа да ја зачува мрежата во 90-те минути игра против моќниот тим на Јирген Клоп.

 

Да додадеме дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти стана првиот кој освоил четири ЛШ – две со Милан и две со Реал.