За репрезентацијата на Македонија ова е прво Европското првенство. Воведните два натпревари против Украина и Австрија, Македонците ги одиграа во Букурешт.
За околу четири дена додека македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, тие успеаја да испијат меѓу 70 000 и 75 000 литри пиво.
Помеѓу 3.500 и 4.000 Македонци беа во Букурешт, а романските медиуми ја истакнаа нивната страст кон пивото, кое можат да го пијат во изобилство.
Така, за околу 96 часа, Македонците успеаја да испијат околу три резервоари пиво во само пет локали во стариот дел на градот, бидејќи капацитетот на еден резервоар е околу 25.000 литри.
На некои маси, сметките беа помеѓу 4.000 и 5.000 евра, што навистина изгледа неверојатно. Романските кафулиња успеале да заработат околу 450.000 евра од Македонците, според локалните медиуми.
Инаку, Македонија загуби во првите две кола од Австрија (3:1) и Украина (2:1), но дефинитивно оставија одличен впечаток кај сите неутрални љубители на фудбалот.
Послединот натпревар Македонија го игра на стадионот „Јохан Кројф“ против Холандија. Тој натпревар ќе се одигра во понеделник, на 21 јуни од 18:00 часот.