Ливерпул денеска успеа да го совлада Евертон во третото коло и да премине во понатаму во ФА Купот.
Ова е голем удар за Карло Анчелоти и неговиот Евертон откако играше во најсилниот состав против „црвените“, кои беа непрепознатливи по однос на составот.
Клоп го изнесе буквално третиот состав во овој натпревар и им даде можност на младите играчи како што се Неко Вилијамс (18), Куртис Џонс (19), Педро Кривела (22) или Харви Елиот (16). Од поискусните и стандардни играчи во тимот се само Дивок Ориги, Адам Лалана, Џејмс Милнер и Гомез.
Дури и тоа беше доволно за домашната екипа да победи против Евертон, кој играше во најсилниот состав, при што 19-годишниот Куртис Џонс постигна гол на фантастичен начин.
Покрај лошите перформанси, Евертон денес покажа лоша игра, па сосема е јасно дека Анчелоти има многу работа да направи за да го направи овој тим конкурентен во борбата за трофеи, а тој самиот по пристигнувањето изјави дека тоа е неговата цел.
Покрај Ливерпул, денеска понатаму се пласираа, ВБА, Челси, Дерби, КПР, Шефилд Јунајтед …