Бразилската sвезда Нејмар е еден од најплатените фудбалери во светот.
Неговата годишна плата во француски ПСЖ е речиси 37 милиони евра, и не вклучува одредени бонуси што Бразилецот ги договорил од арапските сопственици.
Еден од бонусите е навистина неверојатен и Нејмар собира дополнителни 541.680 евра месечно врз основа на тоа. Ова е етички бонус.
Според него, Нејмар мора да биде љубезен и пријателски расположен кон навивачите, на кои мора да им биде достапен доколку му побараат автограм.
View this post on Instagram
Исто така, покрај оваа ставка, овој бонус вклучува и забрана за коментирање и критикување на играта на тимот по натпреварите.
На овој начин ПСЖ обезбеди дека големата sвезда на тимот не го споменува клубот во негативен контекст и секако дека е голема работа.
View this post on Instagram
Нејмар пристигна во ПСЖ во 2017 година од Барселона за рекордна бројка од 222 милиони евра. За парискиот клуб одигра 117 натпревари и постигна 87 голови.