ДРУГИ СПОРТОВИ

НЕВЕРОЈАТНО: Јапонка на само 13 години стана Олимписки првак

На само 13 годишна возраст, Јапонката Момиџи Нишија влезе во историјата на Олимписките игри откако стана олимписки првак во новата дисциплина скејтботинг. Таа имаше 15,26 поени во „стрит“, а ова за неа е прв златен медал на големи натпреварувања. Претходно оваа година во иста дисциплина освои сребро на Светското првенство.