ФУДБАЛ

Невидена катастрофа на Енфилд, Халанд направи голем пресврт

Се одиграа четири натпревари од четвртото коло на Премиершип, а Ливерпул оствари неверојатна победа.

Имено, тие на домашен терен победија со 9:0 против Борнмаут. Дијаз во третата минута го отвори резултатот за гостите.

Три минути подоцна Елиот погоди за 2:0, а во 28. минута Александар Арнолд погоди за 3:0. До крајот на првото полувреме Фирмино и Ван Дијк погодија за 5:0.

Во вториот дел домашните постигнаа уште четири гола, а автогол си постигна Мефам како и Фирмино, Карваљо и Дијаз.

Манчестер Сити победи со 4:2 против Кристал Палас. Иако на полувремето губеа со 0:2, успеаја да го свртат резултатот и да победат.

Головите за гостите ги постигнаа Стоунс кој ја затресе сопствената мрежа и Андерсен, а пресвртот на Сити го режија Силва и Халанд кој постигна три гола.

Брентфорд и Евертон ги поделија бодовите во одлична партија во која домашните дури четири пати ја погодија стативата.

Гостите имаа водство од средината на првото полувреме кога Гордон постигна гол, а Џенелт им даде гол на домаќините во 85. минута.

Во четвртиот натпревар оваа сезона Брајтон победи со 1:0 против Лидс на домашен терен и се уште е непоразен.

Победата на Бригтон му ја донесе прекрасниот гол на Грос во 66. минута од натпреварот.