ФУДБАЛ

Невидена тепачка на теренот (ВИДЕО)

Невидена тепачка се случи на последниот натпревар од шампионатот на Бразил до 17 години помеѓу Флуминенсе и Атлетико Паранаесен.

На теренот се случи брутална пресметка. Видовме вистински ММА потези, а најлош беше еден од играчите на Флуминенсе кој доби удар во глава со отворена копачка, а потоа противниците продолжија да го тепаат на теренот.

https://twitter.com/i/status/1341112844448886785

Станува збор за 17-годишниот Жоау Нет. Тој ќе има вечни спомени од овој натпревар, но на крајот славеше затоа што неговиот тим беше подобар.

Откриен е и идентитетот на момчето кое го удрило. Станува збор за Жоао Габриел кој дефинитивно чека строга суспензија.

Невидена борба на еден фудбалски натпревар и треба да се напомене дека судијата подели десет црвени картони.