Голема трагедија се случи во Египет на натпреварот помеѓу Ал Магда и Ал Зарка.
Тренерот на домашната екипа на Ал Магда, Адхам Ел-Селхедар, почина во судиско надополнување додека го прославуваше голот на својата екипа.
Судиското време дојде со резултат 0:0, а потоа во третата минута од продолжението Мохамед Саад погоди за големото славје на сите играчи, но и домашната клупа, а сето тоа заврши трагично за тренерот Е-Селхедар.
Од голема возбуда доживеа срцев удар, а спас немаше и покрај брзата интервенција на лекарскиот тим. Го однеле во болница, но не можел да се спаси…