Фудбалерите на Јувентус играат страшно на почетокот на новата сезона.
Враќањето на Алегри не ги донесе очекуваните промени, а Јувентус освои само еден бод по три воведни кола.
По ремито со Удинезе, следуваа порази од Емполи и Наполи. Најтрофејниот италијански клуб е се подалеку од Скудетото, иако секако дека е рано да се зборува за тоа.
Поразите против Емполи и Наполи, го означија повторувањето на најлошиот старт на Старата дама во последните 52 години.
Патем, интересно е што Јуве имаше толку лош старт во сезоната 2015/16, исто така под водство на Алегри, но на крајот клубот беше шампион во тоа време.