Усман Дембеле често е склон на повреди, па Барселона реши да му понуди необичен договор.
Уште кога дојде од Борусија Дортмунд во Барселона, Дембеле се здоби со различни повреди, па на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот на играчот, Каталонците ќе понудат нов во кој има јасна опција – ќе заработите колку што играте.
Така, Барселона ќе го плати крилниот напаѓач врз основа на одиграните натпревари, а се чини дека тоа е предлог на новиот тренер Чави, кој сака со големи промени да го врати клубот на победнички патеки.
Дембеле се повреди на ЕП со Франција, по што беше неопходна операција. Тој неодамна се врати по петмесечна пауза, но повторно се повреди на дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампионите.
Фудбалерот оваа сезона одигра само еден натпревар во Лигата на шампионите, а допрва треба да игра во домашното првенство.