ФУДБАЛ

Незаборавни сцени на Вембли: 250.000 навивачи на финалето, 1.000 влегоа без билети (ВИДЕО)

Англија и Италија вечерва ќе одлучат за новиот европски шампион на Вембли.

Познатиот лондонски стадион е полн со повеќе од 60.000 навивачи, а добар дел од нив успеаја да влезат без билет.

Англиските медиуми наведуваат дека околу 1000 навивачи успеале да го пробијат обезбедувањето и да влезат во трибините каде што веќе е забавата.

Англичаните се сигурни дека „трофејот ќе си дојде дома“. Песната „Sweet Caroline“ веќе може да се слушне од трибините, која стана химна на ова евро.

https://twitter.com/i/status/1414294556426883072

Исто така, се наведува дека во и околу стадионот Вемблиј има околу 250.000 навивачи кои со нетрпение го очекуваат овој натпревар.

Англија никогаш не ја освоила европската титула и ќе видиме дали ќе успеат.