Индонезискиот шампионат е добро познат по многуте фудбалски инциденти.
Но, на натпреварот одигран вчера, се случи нешто крајно грдо.
Екипата на Персебаја вчера претрпе пораз од Слеман, што беше трет по ред за Персебаја .
Ваквата состојба не им се допадна на навивачите, кои долго време протестираа против челниците на клубот.
Вчера навивачите избраа посебен начин на протест.
Откако натпреварот заврши и играчите влегоа во соблекувалната, навивачите влегоа на теренот.
Откако ја преминале оградата, навивачите почнаа со рушење на стадионот и уништувале сè што ќе се најдело пред нив, запалиле сè што беше таму, почнувајќи од страничните реклами па се до головите.
https://streamable.com/a19uc