ФУДБАЛ

Незапамтена голеада на Меаца, Интер новиот предводник на Серија А!

Во мечот од 15. коло на италијанската Серија А, Интер беше домаќин на Кротоне и славеше со 6:2 во одличен натпревар.

Победата на Интер се очекуваше денес, без сомнение, но кој би рекол дека ќе бидат постигнати осум гола на дуелот со „нероаѕурите“ против аутсајдерите.

Кротоне неочекувано го донесе првото водство по 12 минути игра, кога Занелато со глава стигна до својот прв гол во Серија А во кариерата. Сепак, во 20-та минута маестрална асистенција на Лукаку и погодок на Мартинез за 1:1 и враќање на почетокот.

Во 31. минута Лаутаро заслужи најмногу за погодокот, но беше препишан како автогол на Мароне, а во 36. минута нов гол – Кротоне стигна до 2:2 по пенал и со мала помош од ВАР.

Во продолжението Интер постигна уште четири гола и дојде до убедлива победа. Лаутаро Мартинез постигна два нови гола, еден за Ромелу Лукаку и еден за Хакими за конечни 6:2.

Интер моментално води во Серија А со 36 бода, има два бода повеќе од Милан, кој, сепак, подоцна игра против Беневенто и има можност да се врати на врвот со победа.

 

ПОВРЗАНО

Серија А