Барселона испратила официјална понуда за една од најголемите ѕвезди на неодамна завршеното Европско првенство, Дани Олмо (26), тврди Мундо Депортиво. На одличниот напаѓач му беше понуден шестгодишен договор, а Барселона за неговите услуги би платила 60 милиони евра на РБ Лајпциг. Оваа понуда, како што тврдат од Мундо, најверојатно ќе биде прифатена, а сега останува да се види каков ќе биде одговорот на самиот играч.
Во целата зделка одлично ќе заработи и Динамо Загреб. Имено, Динамо со продажбата на Олмо на Лајпциг заработи 29 милиони евра, а во договорот стави клаузула според која и тој има право на 20 отсто од добивката што ќе ја има германскиот клуб од продажбата на фудбалерот. Бидејќи се споменува цифра од 60 милиони евра, јасно е дека ако Германците го продадат Каталонецот за толку, нивната добивка во однос на она што му платија на Динамо за него е 31 милион евра. Од таа сума, 20 отсто или 6,2 милиони евра би отишле за Динамо. Во спротивно, доколку Олмо ја прифати понудата и заврши во Барселона, тоа ќе биде враќање на Шпанецот во редовите на каталонскиот тим по 10 години.
За потсетување пред извесно време интерес за Олмо пројавија Челзи и Манчестер Сити.
