Голманот на Севиља Јасин Боно ќе го напушти тој клуб и ќе потпише за Ал Хилал.
Ал Хилал не застанува по доведувањето на Нејмар, па сака да го засили и другиот крај на теренот. Тие во иднина ќе го имаат докажаниот чувар на мрежата Јасин Боно, кој извесно време беше заинтересиран за Реал Мадрид, по повредата на Тибо Куртоа, но беа скептични поради Африканскиот куп на нации, каде Мароканецот треба да замине на зима.
Се решија за Кепа, а потоа Боно стана опција за Баерн, кој исто така бара голман, но и од тие преговори ништо не излезе.
Севиља за заминувањето на Боно ќе добие 21.000.000 евра, додека овој голман ќе потпише тригодишен договор со плата од 10.000.000 евра годишно.
