ФУДБАЛ

Ни Видал не сакаше да молчи: Кога тигарот го туркаш во ќош, тој …

Раководството на Барселона денес се соочи со неверојатни проблеми, а причината е што Меси побара да го напушти клубот.

Тоа е шок за навивачите, кои сè уште не веруваат што се случува, и за сè го обвинија лошото управување на клубот.

Наводно, на Меси му пречело затоа што буквално ги исфрлиле Видал и Суарез надвор од клубот, па и тој побарал да замине.

Пораката, која се чини дека е испратена до администрацијата на Барселона, ја испрати и Артуро Видал.

„Кога тигарот го туркаш во ќош, тој не се откажува, тој се бори“, напиша Видал на својот профил на Твитер.