Ливерпул со поразот од Брајтон (0:1) направи огромен чекор назад во борбата за титулата шампион на Англија.
„Црвените“ тешко ќе ја бранат титулата. Во недела има дерби со Сити, но формата на тимот на Јирген Клоп е позагрижувачка.
Ендру Робертсон, бекот на „црвените“, беше реален по ова прашање во изјава за островските медиуми по натпреварот против Брајтон.
“Ние не сме лош тим, но немаме шанса за титулата. Брајтон беше подобар и треба да им честитаме. Втор пораз на домашен терен по Барнли. Едноставно дојде период кога многу работи не се совпаѓаа. Помалку фактори на среќа. Сето тоа игра улога. Сигурен сум дека ќе излеземе од кризата “, рече Робертсон.