Претседателот на Аталанта, Антонио Перкаси изјави дека би сакал Џијанпјеро Гасперини да биде нивниот Алекс Фергусон.
Од 2016 година, Гасперини го предводи тимот од Бергамо, а под негово водство од кандидати за испаѓање дојдоа до Лигата на шампионите, каде веќе ја совладаа Валенсија (4:1) во првиот натпревар од осмина финалето.
Сите во клубот се, како што се очекуваше, воодушевени од Гасперини и затоа не се изненадени од плановите што ги имаат.
„Најважно е прво да ја завршиме сезоната, тогаш ќе размислиме што и како понатаму. Задоволство ни е ако Гасперини биде нашиот Фергусон и во моментов дискутираме за удвојување на тековната должина на неговиот договор“, изјави Перкаси за телевизијата Бергамо.
Пред да се приклучи на клупата на Аталанта, Гасперини ги водеше Џенова, Палермо, Интер и Кротоне.