ФУДБАЛ

„Ние сме најстариот професионален клуб во светот“

Англискиот пемиерлигаш Кристал Палас тврди дека е најстариот професионален клуб во светот.

Според новото истражување, Кристал Палас објави дека е основана во 1861 година, една година пред „најстариот“ Нотс Каунти.

На „Селхрст Парк“ сакаат да бидат официјално признати како најстариот професионален клуб во светот.

Официјалните информации велат дека тие биле основани во 1905 година, но Питер Менинг открил дека тоа се случило 44 години порано и го одигра првиот натпревар во март 1862 година.

Кристал Палас и официјално објави дека ќе ја прослави 160-годишнината на клубот следната година.