Голем број на љубители на спортот денеска тргнаа за Виена, каде утре од трибините ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација.
На социјалните мрежи се пишува дека голем е бројот на возила кои пристигнале во Виена.
„Ние тргнавме за Виена за нови победи“ напиша битолчанецот Томе Лазаревски.
Европското првенство официјално започна денес, додека утре во 20:30 часот е првиот натпревар на македонските ракометари против селекцијата на Украина.