Реал Мадрид е најгламурозниот клиент на Адидас, поради што дресовите на кралскиот клуб мора да бидат нешто посебно.
Доколку околностите беа нормални, најдобрите европски клубови ќе ја завршеја сезоната во мај и ќе ги претставеја дресовите за следната сезона, но заради пандемијата на коронавирус, тоа не е случај.
Сепак, „Footy Headlines“ продолжува да го објавува можниот изглед на дресовите на европските гиганти за следната сезона. Пред неколку дена протече и сетот на Реал Мадрид.
Во првиот сет доминира белата боја, а новините се нијансите на розова боја. Нијансите на розова веќе предизвика лавина реакции од приврзаниците на кралскиот клуб.
Sвездите на Реал Мадрид треба да играат во нив за прв пат во подготвителниот период. Сеуште не се откриени гостинските екипи и дресот на голманите.
Real Madrid 2020-21 leaked Home Kit.
[@Footy_Headlines] pic.twitter.com/BpQamcQn7o
— Real Madrid Xtra (@RealMadridXtra) May 16, 2020