ФУДБАЛ

Никако да им тргне: Лацио славеше на Сан Сиро!

Лацио го совлада тимот на Милан со 1:2 во едно од дербито од 11-то коло на италијанската Серија А.

Првото полувреме резултираше со два гола, а гостите први стигнаа до водство во 25 минута од натпреварот. Чиро Имобиле постигна гол за 0:1.

Радоста на гостите траеше само три минути. По добрата акција, Бастос ја погодува сопствената мрежа и се се врати на почетокот.

Со овој резултат заминаа на пауза, во второто полувреме се играше многу поскромен натпревар, но сепак Лацио постигна гол.

Лацио постигна гол во 83. минута кога Кореа ја избегна одбраната и погоди за 1:2.

Ова на крајот беше конечен резултат на натпреварот. Лацио забележа трет последователен триумф бидејќи „росонерите“ продолжуваат да ги вознемируваат своите фанови.

После 11 одиграни натпревари, Милан е на 11-то место и има 13 од можните 33 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А