ФУДБАЛ

Никлас Суле потпиша!

Германскиот репрезентативец кариерата ја продолжува во редовите на ривалот на Баерн.

Суле одлучи да не го продолжи договорот со Баерн, па како слободен играч на крајот од сезоната ќе се пресели во Борусија Дортмунд.

Веста први ја објавија германските медиуми, а само ја потврди и самата Борусија која објави дека Германецот ќе биде нивен играч од лето.

Тој во Баерн е од 2017 година, има одиграно 159 натпревари и постигнато шест гола, но не бил задоволен од условите кои ги нуди Баерн, па решил да премине во Борусија како слободен играч.

Претходните години повеќето од најдобрите играчи на Борусија заминаа во Баерн, па ова е еден од ретките случаи каде баварска ѕвезда кариерата ја продолжува во Дортмунд.

„Задоволни сме што успеавме да потпишеме со германскиот интернационалец Никлас Суле на четири години“, изјави спортскиот директор на БВБ, Михаел Зорк.

Себастијан Кел, кој на лето ќе ја наследи Зорка, објаснува: „Никлас во личните разговори ни покажа дека е многу заинтересиран за Борусија Дортмунд. Има многу искуство, смиреност и потребна физичка форма за да го направи следниот чекор со нас. уште од летото“.

Суле ја започна својата кариера во Бундеслигата во Хофенхајм и ја освои Лигата на шампионите во 2020 година со Баерн. Тој е дефанзивецот со најмногу настапи во Бундеслигата оваа сезона (19).

ПОВРЗАНО

Бундеслига