Лука Јовиќ беше одличен во Ајнтрахт Франкфурт и „заработи“ трансфер во Реал Мадрид. Сепак, за младиот напаѓач, сè помина на удолу, откако пристигна на „Сантијаго Бернабеу“.
Првата сезона на Јовиќ во Реал е апсолутно заборавна, па затоа не би било изненадувачки доколку Кралевите го продадат.
Одамна се шпекулира каде би можел да заврши Јовиќ, а сега Франс Фудбал пишува дека Монако е сериозна опција.
Покрај тоа, се наведува дека новиот тренер на Монако, Нико Ковач, успеа да го убеди Лука Јовиќ и дека е постигнат договор во принцип за трансферот помеѓу Монако и 22-годишниот напаѓач.
Сепак, можниот трансфер во голема мерка зависи од ставот и одлуката на Реал Мадрид.
Сега останува да се види како ќе се развие оваа приказна и дали Лука Јовиќ може да игра во Лига 1 следната сезона.