ФУДБАЛ

Нико Ковач најде засилување: Двајца Хрвати пристигнуваат

Пред неколку дена, Нико Ковач беше назначен за нов тренер на Монако.

Бројни клубови се заинтересираа за услугите на Ковач, откако тој беше отпуштен од Баерн, а најпогоден за него беше Монако, со кого потпиша повеќегодишен договор.

Клубот од кнежеството сака да се врати на патеките на старата слава под водство на Ковач и е подготвен да му даде на хрватскиот стручњак голем буџет за зајакнување на тимот, а протекоа и имињата на можните засилувања.

Лука Јовиќ, потоа Марио Геце се поврзани со Монако , но италијанскиот  Калчомеркато тврди дека Ковач ги ставил Марио Манџукиќ и Иван Перишиќ на списокот на приоритети, со кого веќе соработувал додека ја водел репрезентацијата на Хрватска.

Калчомеркато тврди дека реализацијата на овие трансфери не треба да претставува проблем, бидејќи Манџукиќ е слободен играч, а Перишиќ е скоро слободен.

Покрај Баерн, Ковач претходно ги предводеше Ајнтрахт Франкфурт и хрватската репрезентација.