ФУДБАЛ

Никогаш не би погодиле кој е најдобриот фудбалер на Бразил за 2019 година

Вчера во просториите на ФС Бразил се одржа церемонијата на прогласување за најдобар фудбалер во таа земја за претходната година.

Повеќето веројатно би помислиле дека е Нејмар, но не. Наградата за најдобар играч на Бразил отиде кај голманот на Ливерпул, Алисон!

Второпласиран беше неговиот соиграч од редовите на европскиот шампион, Роберто Фирмино, а трет беше, Тијаго Силва.

Четврт беше брилијантениот играч од средниот ред Фабињо, додека Нејмар заврши на петтото место.

Секако, резултат на тоа се и повредите што го зафатија.