Поранешниот фудбалер, а сега стручен аналитичар Раде Богдановиќ не го поштеди селекторот на Србија Драган Стојковиќ по ремито со Камерун.
„Орлите“ имаа два гола предност во второто коло од групата Г, но им дозволија два брзи гола на Камерунците за конечни 3:3.
„Никогаш не сум видел некој да се справи толку лошо како Стојковиќ денеска против Камерун. Како да немавме тренер на клупата“, рече Богдановиќ и продолжи:
„Водиме со два гола разлика и играме висок пресинг, не знаеме кој каде бие… Наместо да речеме да ја фрлиме топката, момците не се физички целосно подготвени… Мали Павловиќ се повреди и настана потоп“.
И Богдановиќ беше изненаден од промените …
„Никогаш нема да ми влезе во главата она што го сакаше човекот. Што се случи. Во вториот дел ни недостигаше тактика и цврста рака. На 3:1 некој ти прави контра… Ова не сум го видел досега“, рече тој.
На 2 декември во последното коло од групната фаза Србија игра против Швајцарија која од 17 часот се среќава со Бразил.