ФУДБАЛ

„Никогаш нема да го заборавам тоа што ми го рече Бензема, никогаш!

Карим Бензема веќе една деценија е меѓу најдобрите напаѓачи во светот, но сè уште го нема во репрезентацијата на Франција.

Дидие Дешамп веќе пет години не се јавува кај Бензема, главната причина е добро познатиот случај на Валбуена и други зборови кои сè уште ги кинат ушите на светските шампиони.

Бензема еднаш рече дека расистичкиот дел на Франција го принуди Дешам да не го повикува напаѓачот на Реал меѓу „триколорите“.

“Останува лузна. Дури и ако малку се заборави со текот на времето, не заборавам. Не се само зборовите на Карим, туку и последиците што ги имаше моето семејство”, рече Дешамп.

“Нормално е да се критикува работата и тактиката на тренерот, но тој ја премина границата. Сето тоа влијае на моето име и семејството”.

“За мене е неприфатливо да кажам некои работи што доведуваат до вербална или физичка агресија. Страдам од последиците. Не можеме да заборавиме. Не можам да заборавам. Никогаш нема да заборавам”, рече Дешамп.