ФУДБАЛ

Никогаш вака не не понижиле-Нејмар се расплака и призна дека се срами! (ВИДЕО)

Нејмар никогаш нема да го заборави понижувањето што го доживеа дома, пред своите луѓе, пријатели, семејство, соиграчи… Сантос беше поразен на домашен терен, Васко славеше убедливо со 6:0, при што постигна пет гола во второто полувреме. Еден од најдобрите бразилски фудбалери започна да плаче на теренот.

Кога заврши натпреварот, на кој дури и навивачите им свртеа грб, Нејмар не можеше да ги задржи емоциите. Се расплака. Поразот тешко му падна, особено затоа што го доживеа во својот втор дом. И тоа понижување какво што не се памети. Не се воздржуваше премногу ниту во изјавата по натпреварот.

„Нашата игра беше срање, ова е срамота. Навивачите имаат право денес да нè пцујат и навредуваат. Тоа го прифаќаме. Се чувствувам посрамено, никогаш во животот не сум доживеал нешто вакво“, порача Нејмар во кратката изјава по сè што се случи, рече Нејмар.