ФУДБАЛ

Никој како Фергусон: Ги казни играчите и напиша песна за да им соопшти

Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон сигурно ќе остане запаметен како еден од најдобрите тренери во историјата на Манчестер Јунајтед, но исто така и на Абердин со кого се претставил во фудбалскиот свет.

Фергусон поминал речиси 30 години на клупата во Манчестер Јунајтед и освоил се што може да освои. Овој 76-годишен тренер на Олд Трафорд пристигнал по одлични резултати на клупата на Абердин во летото 1986 година. Ферги ќе остане засекогаш запаметен од навивачите на Абердин, кои се уште зборуваат за неверојатниот успех на овој тим во тоа време.

Многу фудбалери кои го носеа дресот овој шкотски тимски имаат многу анегдоти со Фергусон, но една е над сите. Имено, Фергусон еднаш одлучил да ги казни своите играч со тоа што им задржал три фунти од плата, што тогаш тоа било голема казна.

Тој фатил фудбалерите како прават глупости во хотелот, тие фрлаа топки надвор низ прозорецот. Но, начинот на кој им кажаа дека се казнети беше генијален. Фергусон зеде молив и парче хартија и напиша песна во која им откри дека се казнети и зошто го направи тоа.