Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси во финалниот натпревар на Светското првенство во Катар против Франција стана рекордер по бројот на настапи на Мундијалите.
Фудбалерот на ПСЖ по 26-ти пат го носи репрезентативниот дрес на натпреварите на најголемото планетско шоу.
Зад Меси беа Германците Лотар Матеус со 25 натпревари и Мирослав Клосе со 24 меча. По нив следуваат Италијанецот Паоло Малдини кој одигра 23 натпревари и Португалецот Кристијано Роналдо со 22 натпревари.
Останува да видиме дали поранешниот играч на Барселона може да ги одведе „гаучосите“ до трета светска шампионска титула.