Легендарниот Пол Гаскоин се огласи по смртта на Диего Армандо Марадона.
Гаскоин призна дека бил многу потресен од смртта на еден од најдобрите играчи на сите времиња и дека е тажен што Марадона повеќе не е со нас.
Легендарниот англиски играч гостуваше во емисијата „Добро утро Британија“, а многумина ги воодушеви со својата изјава. Многумина помислија дека тој веднаш ќе го поврзе Марадона со мечот од Светското првенство во 1986 година, кога со рака им даде гол на Англичаните, но тој тоа го стори на свој начин.
“Марадона беше икона. Луѓето само зборуваат за тој гол и за Божјата рака. Но, тој гол го создаде Питер Шилт. Шилт тебе те создаде тој гол и тоа е вистина. Никој не би знаел за вас денес да не беше тој гол”, низ смеа рече Гаскоин.

Таа изјава не му се допадна на поранешниот англиски голман, кој реши да одговори на Гаскоин.
“Благодарам за тоа Газа. Играв уште 20 години после тоа ако не знаевте”, рече Шилт.