Ливерпул синоќа беше поразен во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид со 1:0.
Според многумина, „црвените“ синоќа беа фаворити во финалниот натпревар против кралскиот клуб, но Реал уште еднаш ја покажа својата сила и по 14-ти пат успеа да стане европски првак.
Ливерпул синоќа доминираше на теренот и имаше неколку одлични можности, но на крајот Тибо Куртоа со своите одбрани му донесе нов трофеј на Реал во најелитното клупско натпреварување во светот.
Навивачите на градскиот ривал Евертон особено се израдуваа на поразот од Ливерпул, кои воопшто не го криеја.
Дури и играчите на Евертон се огласија по натпреварот славејќи ја победата на Реал и особено Карло Анчелоти кој беше нивни тренер до оваа сезона.
Но, во центарот на вниманието беше Ричарлисон, кој со својата фотографија „отчука“ се. Бразилецот објави фотографија на која го „вози“ автобусот, алудирајќи на навивачите на Ливерпул кои не отпатувале во финалето во Париз бидејќи автобусот никогаш не пристигнал.
Ричарлисон алудираше на тоа дека тој е возач на автобус и главната причина поради која оваа група навивачи на „црвените“ не отиде во финалето.
Оваа фотографија ги воодушеви навивачите на Евертон, а Ричарлисон доби дури половина милион лајкови на Твитер.
— Richarlison Andrade (@richarlison97) May 28, 2022