Пред една година Кристијано Роналдо го напушти Јувентус и премина во Манчестер Јунајтед.
Иако минатата сезона беше најдобар стрелец на „црвените ѓаволи“, се шпекулираше дека го кочи развојот на тимот. Редовно постигнуваше голови, но беше себичен на теренот и малку работеше во одбраната.
„Овој трансфер беше коцка за Манчестер. Роналдо автоматски прави 1:0, но игра и рулет“, напиша „Атлетик“.
Сепак, головите на Роналдо не му обезбедија ЛШ на Манчестер. А бидејќи Португалецот има 37 години, знае дека има се помалку време за соборување и „подобрување“ на своите рекорди во Лигата на шампионите.
И тоа е неговата главна опсесија, па се шпекулира дека сака да го напушти Манчестер во овој преоден рок. Новиот тренер Ерик тен Хаг сигурно нема да се побуни. Роналдо во новата сезона одигра само 153 минути од 360.
Хорхе Мендеш, агентот на Роналдо, почна да го турка својот играч во речиси секој голем клуб. Се зборуваше за Челзи, Баерн, па дури и за Атлетико Мадрид и Барселона. Проблемот сепак е енормната годишна плата на Роналдо (околу 25 милиони евра нето).
Имаше дури и гласини за можно враќање во Спортинг, каде Роналдо ја започна својата кариера.
„Во Португалија на големо се зборуваше за враќање во Спортинг, но тренерот на клубот од Лисабон беше против трансферот на Роналдо. Рубен Аморим навести дека ќе си замине доколку Кристијано потпише договор. Роналдо смета дека односот на тренерот е смешен“, пишува Тајмс.
Ова секако е големо понижување за Роналдо, ако не и најголемо. Неверојатно е тренер да каже дека ќе си замине од клубот доколку пристигне играч од познатиот Кристијано Роналдо.
Остануваат уште неколку дена до затворањето на преодниот рок, а Жорге Мендеш очајно бара клуб за него. Тој дури и се обратил на Милан и му понудил да му најде купувач за Рафаел Леао, а Милан дел од добиените пари ќе потроши на платата на Роналдо.
Но, во последно време се повеќе се пишува за Наполи. Мендеш требало да му предложи на Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи, да го продаде Виктор Осимхен на Јунајтед за минимум 120 милиони евра, а потоа Јунајтед да се ослободи од Роналдо.
Проблемот сепак е високата плата на Португалецот и фактот што Наполи им забранува на фудбалерите да заработуваат на сопствен имиџ без согласност на клубот. А тоа изгледа апсурдно во случајот со Роналдо, бидејќи тој повеќе заработува од рекламни договори отколку исклучиво од фудбал.
„Роналдо доби само една солидна понуда. Тој може да добие 300 милиони евра за да игра во Про лигата во Саудиска Арабија. Во сегашната ситуација, парите од Саудиска Арабија не му користат на човекот кој сака да ги собори рекордите во Лигата на шампионите“, заклучува The Тајмс.